Народна банка информира дека работат на побрзо обесштетување на депонентите и доверителите на Еуростандард банка, чија стечајна постапка ќе започне во следниот период.
Основниот граѓански суд Скопје извести дека е усвоен предлогот за отворање на стечајна постапка над „Еуростандард банка“ АД Скопје и дека е определен стечаен управник. Од Народната банка влеат дека активно ги презема сите активности што во периодот до отпочнување на стечајната постапка се нејзина законска надлежност.
Посочуваат дека е заштитен имотот на Банката, во функција на обезбедување дел од предусловите за спроведување ефикасна и брза стечајна постапка во рамки на која треба да се наплатат побарувањата на доверителите и дел од депонентите.
Граѓаните кои на 12 август 2020 година извршиле готовински и безготовински трансакции преку „Еуростандард банка“ АД Скопје за плаќање сметки (струја, вода и др. давачки), вклучително и преку уплати во АД „Пошта на Северна Македонија“, соопштија од Народна банка, трансакциите ќе бидат реализирани во наредните неколку дена и нема потреба граѓаните да ги плаќаат истите сметки одново.
„Тимот на Народната банка е максимално посветен и за да придонесе за што побрзо завршување на сите административни процедури поврзани со исплатата на обесштетувањето на депозитите на граѓаните од страна на Фондот за осигурување на депозити“,
се наведува во соопштението на Народна банка.