Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и топло време со свежи утра и со појава на мала до умерена облачност во текот на денот
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој во североисточните делови повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе се движи во интервал од пет до 16 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе биде со вредност 7.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 12, а максималната дневна ќе достигне до 32 Целзиусови степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и топло време со свежи утра и со појава на мала до умерена облачност во текот на денот.