Според Управата за хидрометеоролошки работи, следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат под нулата, а наместа живата во термометарот ќе се спушти и под минус 10 Целзиусови степени
Денеска времето во земјава ќе биде наутро променливо облачно и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието ќе биде со брзина и над 60 километри на час.

Утринската температура ќе се движи во интервал од минус девет до нула степени Целзиусови, а максималната дневна ќе достигне од минус три до осум степени.
Во Скопје, во утринските часови ќе биде претежно облачно, а во текот на денот се очекува облачноста да се намалува. Ќе дува умерен, а во делови од котлината и повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град се очекува да се искачи до шест Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат под нулата, а наместа живата во термометарот ќе се спушти и под минус 10 Целзиусови степени.