Сончевото, но студено време ќе се задржи и во вториот ден од викендот, а в понеделник УХМР прогнозира врнежи од снег на планините и на повисоките места
Денеска нè очекува сончево, но релативно студено време. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денот ќе има мала локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер. На места и вдолж Повардарието ветерот ќе биде засилен и од северен правец.
Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од -11 до -4 Целзиусови степени, додека максималните ќе бидат од -1 до 7 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурите во главниот град ќе се движат од минимални -8 до максимални 5 степени.
Сончевото, но студено време со слаб до умерен ветер, ќе се задржи и во вториот ден од викендот.
В понеделник, пак, се очекуват локални врнежи од дожд главно во западните делови од земјава, а на планините и на повисоките места можни се и врнежи од снег.