Фурнер, една од само неколкуте жени на кои им се суди за нацистичките злосторства во последните децении, доби двегодишна условна затворска казна
Поранешна секретарка на командант на нацистички концентрационен логор е осудена за соучесништво во убиство на 10 505 луѓе.
Ирмгард Фурнер (97) кога била тинејџерка работела како дактилографка во Штутхоф од 1943 до 1945 година, јавува Би-би-си.
Фурнер, една од само неколкуте жени на кои им се суди за нацистичките злосторства во последните децении, доби двегодишна условна затворска казна.
Иако била цивилен работник, судијата се согласил дека е целосно свесна што се случувало во концентрациониот логор.
Околу 65 000 луѓе загинаа во ужасните услови во Штутхоф, вклучувајќи еврејски затвореници, Полјаци и заробени советски војници.
Штутхоф, кој се наоѓа недалеку од денешниот полски град Гдањск, користел различни методи за убивање на затворениците, а илјадници завршиле во гасни комори од јуни 1944 година.
Судот во Ицехо во северна Германија ги сослуша преживеаните од кампот, од кои некои починаа за време на судењето.
Кога започна судењето во септември 2021 година, Ирмагрд Фурнер побегна од домот за стари лица во кој се наоѓаше и подоцна беше пронајдена од полицијата на улица во Хамбург.
96-year-old woman Irmgard Furchner arrested after fleeing in a taxi ahead of her trial for aiding and abetting mass murder in a Nazi concentration camp, officials in Germany say. https://t.co/k4wlcHdWde pic.twitter.com/16WDu1MmJt
— Dr. Jeffrey Guterman (@JeffreyGuterman) September 30, 2021
Командантот на Штутхоф, Пол-Вернер Хоуп, беше приведен во 1955 година за соучество во убиството и ослободен пет години подоцна.
Серија судења беа започнати во Германија од 2011 година, кога пресудата на поранешниот чувар на концентрациониот логор, Џон Демјанјук, создаде преседан дека да се биде чувар е доволен доказ за да се докаже соучесништво.
Таа пресуда овозможила и цивилната работничка Фурнер да биде изведена пред судот бидејќи работела директно за командантот на концентрациониот логор, а се занимавала со кореспонденција поврзана со затворениците од Штутхоф.
На Фурнер ѝ биле потребни 40 дена да зборува на судењето, кога пред судот изјавила: „Жал ми е за сè што се случи“.
Со оглед на тоа дека во времето кога работела како секретарка во концентрациониот логор таа била помлада од 21 година, судењето било пред специјален суд за малолетници.
„Жалам што бев во Штутхоф во тоа време – тоа е сè што можам да кажам“,
изјавила таа.
Нејзините бранители рекле дека таа треба да биде ослободена поради сомневањата за тоа што го знаела бидејќи таа била една од дактилографките во канцеларијата на Хоуп.
Сепак, историчарот Штефан Хердлер, кој одиграл клучна улога во процесот, го посетил кампот придружуван од двајца судии. Потоа откриле дека Фурнер можела да види некои од најлошите работи што биле направени во логорот од канцеларијата на командантот.
Историчарот на судењето рекол дека 27 транспортери со 48 000 луѓе пристигнале во Штутхоф помеѓу јуни и октомври 1944 година, откако нацистите решиле да го прошират логорот и да го забрзаат масовното убивање со палење на гасот „Циклон Б“.
Хердлер ја опишал канцеларијата на Хоуп како мозокот на сè што се случило во Штутхоф.
Судењето на Фурнер би можело да биде последно во Германија за злосторства од нацистичката ера, иако се истражуваат неколку други случаи, наведува Би-би-си.