Министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, која беше поканета да се приклучи на состанокот на НАТО, рече дека е загрижена поради намерите на Русија за нејзината земја
НАТО вети дека ќе им помогне на соседите на Русија „да преживеат како независни нации“ објавувајќи дека исходот од војната е од „егзистенцијално значење“ за земјите како Молдавија и Грузија.
По вториот ден од разговорите меѓу министрите за надворешни работи на НАТО, естонскиот претставник Урмас Реинсалу рече:
„Пораката е јасна: сите сојузници на НАТО се свесни дека ѕверот исто така сака да ја преземе контролата врз Западен Балкан и ние треба да им помогнеме на овие земји да преживеат. “
Во фокусот на денешните разговори беа Босна и Херцеговина, како и поранешните советски републики Молдавија и Грузија – и двете имаат отцепени региони окупирани од руски војници.
„Исходот од војната во голема мера ќе влијае на Молдавија и Грузија. Тоа е од егзистенцијално значење за нивниот територијален интегритет, нивното право да го изберат својот пат во иднина“,
рече Реинсалу.
На тоа се надоврза и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој рече дека на овие земји сега им е потребна поддршка.
„Тие беа погодени на различни начини од руската војна во Украина, но подобро е да ги поддржиме сега отколку да видиме дека развојот оди во сосема погрешна насока, како што видовме со инвазијата на Украина на почетокот на оваа година“,
рече тој.
Министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ, која беше поканета да се приклучи на состанокот на НАТО, рече дека е загрижена поради намерите на Русија за нејзината земја.
„Имаме руски претставници во владата и поделеноста во нашата земја е длабока“,
предупреди таа.