Кандидатот за премиер од ДУИ, Насер Зибери, вели дека нема коментар за договорот за идната владата меѓу ДУИ и СДСМ.
„Немам коментар“,
кратко одговори Зибери пишува весникот Лајм.
Зибери во предизборната кампања од страна на ДУИ беше промовиран за кандидат за прв премиер Албанец.
Според договорот што вчера го соопштија лидерите на ДУИ и СДСМ, Али Ахмети и Зоран Заев, премиер со четиригодишен полн мандат ќе биде Заев, но во последните 100 дена од новата Влада, ДУИ ќе предложи премиер за до организирање на новите избори.