Според шерифот, лицата на неговиот список за ликвидација вклучувале членови на факултет на Универзитетот Источна Каролина во Северна Каролина, каде што Полито бил професор на бизнис школата на Универзитетот од 2001 до 2017 година
Ентони Полито e 67-годишниот напаѓач кој вчера уби тројца професори, а четвртиот го рани со огнено оружје во Универзитетот Невада, Лас Вегас, имал список на цели и повеќе од 150 куршуми, соопшти тамошната полиција, пренесува Асошиејтед прес.

Шерифот на округот Кларк, Кевин Мекмахил, рече дека Полито, кој беше убиен во престрелка со полицијата, бил долгогодишен професор по бизнис кој живеел во блискиот град Хендерсон, Невада.
Според него, се уште се истражува мотивот за нападот, но истакна дека Полито аплицирал за неколку работни места на различни колеџи и универзитети во Невада и секогаш бил одбиван.
Сепак, Универзитетот за медицински науки Роузман во Хендерсон посочи дека Полито бил договорен да предава два курса во програмата за бизнис администрација од октомври 2018 до јуни 2022 година. Го напуштил работното место, кога програмата била прекината.
Според шерифот, лицата на неговиот список за ликвидација вклучувале членови на факултет на Универзитетот Источна Каролина во Северна Каролина, каде што Полито бил професор на бизнис школата на Универзитетот од 2001 до 2017 година.
Пред пукањето, Полито испратил и 22 писма до универзитетски професори низ САД, според снимката што ја прегледале детективите од камерата во автомобилот на Полито.
Полито го извршил нападот со пиштол од девет милиметри што го купил легално минатата година.
Според полицијата, се претпоставува дека Полито имал финансиски тешкотии.