Од кабинетот на претседателката на американскиот Претставнички дом соопштија дека по нападот нејзиниот сопруг бил пренесен во болница и се очекува целосно да закрепне. Ненси Пелоси не била дома во моментот на нападот
Пол Пелоси (82), сопругот на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси, рано утринава бил насилно нападнат од провалник кој упаднал во резиденцијата на парот во Сан Франциско, јави кабинетот на претседателката на Претставничкиот дом на САД.

„Напаѓачот е во притвор, а мотивите за нападот се истражуваат“,
се вели во соопштението.
Од кабинетот на Ненси Пелоси соопштија дека по нападот нејзиниот сопруг бил пренесен во болница и се очекува целосно да закрепне.
Ненси Пелоси не била дома во моментот на нападот.
Пол и Ненси Пелоси се во брак од 1963 година и имаат пет деца.