Во Куманово лекар од Итната медицинска помош пријавил во полиција дека бил мета на физички напад при извршување на неговата работа.
Случајот во СВР – Куманово, лекарот В.В го пријавил вчера во 10.20 часот, при што го објаснил целиот настан со нападот.
„На 01/02.08.2020 околу 22.00 часот, додека бил на интервенција по претходно случена сообраќајна незгода на пат Куманово-Свети Николе, во близина на с.Добршане, лекарот бил навредуван од две непознати лица, роднини на починатиот, по што од таткото на починатиот бил физички нападнат“
, информираат од МВР, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.