На Попова Шапка утрово е и најстудено -10 степени под нулата, во Маврови Анови и Крушево се измерени -8 Целзиусови степени
Најмногу снег во изминатото деноноќие наврнало на Попова Шапка – 64 сантиметри, во Маврови Анови снежната покривка е 57 сантиметри, во Крушево 36, Дебар 34, Штип 32, Демир Капија 31, Тетово 30, Берово 27, Прилеп 20, Охрид 17, Струмица 15, а во Скопје 11 сантиметри, информираат од УХМР.
На Попова Шапка утрово е и најстудено -10 степени под нулата, во Маврови Анови и Крушево се измерени -8 Целзиусови степени, -5 во Берово, -4 во Крива Паланка, Битола, Прилеп, Охрид и Претор, -3 во Тетово, Дебар и Виница, -2 во Скопје, Куманово и Штип, -1 во Велес, Кавадарци, Струмица и Демир Капија, а 0 во Гевгелија.
Утринава снег врне во Крива Паланка, Тетово, Штип, Берово, Куманово и Дебар.
Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 степени.
