Земјотресот се случил нешто по 2 часот по полноќ по локално време, а епицентарот бил на оддалечена, планинска и ретко населена област на надморска височина над 3 000 метри. Освен во целиот регион Ксинџијанг и околните села, земјотресот бил почувствуван и во соседните земји Киргистан и Казахстан
Најмалку три лица загинаа, а неколкумина се повредени во земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала што погоди планинска област во западниот кинески регион Ксинџијанг.

Земјотресот се случил нешто по 2 часот по полноќ по локално време, а епицентарот бил на оддалечена, планинска и ретко населена област на надморска височина над 3 000 метри. Освен во целиот регион Ксинџијанг и околните села, земјотресот бил почувствуван и во соседните земји Киргистан и Казахстан.
По првиот, во регионот биле регистрирани 70-ина последователни потреси, од кои најсилниот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала. Како последица на силните потреси, според „Асошиејтед прес“, во регионот се урнале 47 куќи, а 78 други се оштетиле. Оштетени биле и двата главни далноводи лоцирани во близина на епицентарот, накратко прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија.
Кинеското Министерство за управување со вонредни состојби соопшти дека за жителите во погодените области се обезбедуваат памучни шатори, палта, јоргани, душеци, кревети на преклопување и печки за греење.
Во спасувачките акции учествуваат над 200 спасувачи.