Берил е ослабен, но се прогнозира дека сè уште ќе биде со јачина на ураган кога денеска ќе треба да помине близу или над Јамајка, утре во близина на Кајманските Oстрови и в петок над мексиканскиот полуостров Јукатан, соопшти американскиот Национален центар за урагани

По моќниот ураган Берил, кој го зафати островот Унион, кој е дел од Сент Винсент и Гренадини, речиси секој објект е сериозно оштетен.
Од ураганот, кој го погоди југоисточниот дел на Карибите и почна да се движи кон Јамајка, најмалку шест лица загинаа, а пет се водат како исчезнати.
Според официјални претставници, три лица се загинати во Гренада, едно во Сент Винсент и Гренадини, додека двајца се загинати во северна Венецуела. Ве северна Венецуела пет лица се водат како исчезнати.
Во сила е предупредувањето за ураган за Јамајка, како и Кајманските Острови – Гранд Кајман, Малиот Кајман и Кајман Брач.
Ураганот Берил е ослабен, но се прогнозира дека сè уште ќе биде со јачина на ураган кога денеска ќе треба да помине близу или над Јамајка, утре во близина на Кајманските Острови и в петок над мексиканскиот полуостров Јукатан, соопшти американскиот Национален центар за урагани.
Според изјави на жителите, островот е во ужасна состојба и речиси сите објекти се без покриви, патиштата се блокирани и има паднато столбови за струја, пренесува Би-би-си.
Во своето утринско обраќање, премиерот Ралф Гонсалвес рече дека опасниот и разорен ураган оставил зад себе огромно уништување. Тој вети дека ќе дејствува што е можно побрзо за да се справи со долгата листа на приоритети.