Властите распоредиле повеќе од 1 500 лица за итни интервенции, додека роботи биле користени за да помогнат во пронаоѓањето на оние што се заробени во зградата

Во експлозија во фабрика за огномет во кинеската покраина Хунан загинаа 26 лица, а 61 се повредени, пренесуваат државните медиуми.
Возраста на повредените се движи од 20 до 60 години, а некои претрпеле повреди откако биле погодени од летечки остатоци.
Експлозијата се случила вчера попладне во градот Лиујанг во покраината Хунан. Градот се смета за центар на кинеската индустрија за огномет, со бројни производители со седиште таму. По експлозијата властите наредиле евакуација во радиус од три километри од фабриката.
Властите распоредиле повеќе од 1 500 лица за итни интервенции, додека роботи биле користени за да помогнат во пронаоѓањето на оние што се заробени во зградата.
Од полицијата, која ја истражува причината за експлозијата, велат дека се преземени мерки против сопствениците на компанијата за огномет.
3 killed and 25 injured in an explosion at a fireworks factory in Liuyang, China. pic.twitter.com/utkKqcdXJw
— Open Source Intel (@Osint613) May 4, 2026
Властите, како што пренесуваат медиумите, соопштиле дека два складишта за барут во областа на фабриката претставувале висок ризик за време на спасувачките акции.
Покрај евакуацијата на луѓето во близина на фабриката за огномет, спасувачите спровеле и мерки како што е навлажнување на областа за спречување на секундарни несреќи за време на спасувањето.
Кинескиот претседател Си Џинпинг наредил да се вложат сите напори за барање на исчезнатите и лекување на повредените. Тој повикал и брзо да се истражи причината за експлозијата и одговорните да бидат повикани на одговорност.
Кина произведува голем дел од огнометот што се тргува низ целиот свет.
Во јуни 2025 година, најмалку девет лица загинаа во експлозија во фабрика за огномет во Хунан.
