„Каква манипулација ќе биде тоа? На што сè се подготвени овие луѓе за да го контролираат системот? Воопшто не им е битна реформската агенда, ниту парите од неа, тие сакаат само контрола“, рече лидерот на СДСМ во вечерашното гостување во емисијата „Вин-вин“ на телевизија Телма
Во интервјуто тој се осврна и на заканите од премиерот Христијан Мицкоски, кој на денешната собраниска седница за пратенички прашања на критиките на Филипче за работата на Владата рече дека „кога луѓето ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе бидат среќни бидејќи правдината дошла“. Според лидерот на СДСМ, премиерот посегнува по закани и навреди бидејќи нема одговор на ниту едно од суштинските прашања поврзани со проблемите со кои се соочува државата и граѓаните
Лидерот на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „Вин-вин“ на телевизија Телма, изјави дека одлуката на СДСМ да ја напушти работната група за Изборниот законик, е принципиелен став на партијата против начинот на кој власта ги наметнува законските измени.

Тој во интервјуто, упати остри критики до актуелната власт, обвинувајќи ја за деструктивност, недостаток на инклузивност и фокусираност единствено на теснопартиски и лични интереси наместо на ветената реформска агенда.
„Ние се повлековме од приципиелни причини. Ако им беше важна инклузивноста и тоа законот да се донесе со консензус, како што се носел досега, зошто на своја рака го сменија Законот за влада?“,
рече Филипче.
Лидерот на СДСМ, во тој, контекст направи споредба со носењето на измините на Изборниот законик во 2018 година наведувајќи дека тогашната Влада предводена од социјалдемократите покажал многу поголем демократски капацитет.
„Тогаш Зоран Заев му даде на Христијан Мицкоски сè што сакаше, целосно почитувајќи ја неговата улога како опозиција. Зошто сега тие се однесуваат толку агресивно?“,
кажа Филипче.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија рече оти е загрижен во врска со највите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година, оценувајќи го тоа како можност за изборни манипулации.
„Каква манипулација ќе биде тоа? На што сè се подготвени овие луѓе за да го контролираат системот? Воопшто не им е битна реформската агенда, ниту парите од неа, тие сакаат само контрола“,
рече лидерот на СДСМ.
Тој со иронија ја искоментира најавената реконструкција на Владата, нарекувајќи ја чиста козметика која нема да донесе никаква корист за граѓаните, а единствениот мотив за ваквите политички маневри рече дека се личните интереси на функцонерите.
„Тоа е нула во нула, ништо повеќе. Козметичка промена. Кој сектор, која група граѓани почувстува бенефит од оваа влада досега? Буквално ниту една. Што може да се очекува од ротација на луѓе и ресори, освен да се остваруваат нивните лични финансиски интереси? Буквално ништо“,
изјави претседателот на СДСМ.
Во интервјуто тој се осврна и на заканите од премиерот Христијан Мицкоски, кој на денешната собраниска седница за пратенички прашања на критиките на Филипче за работата на Владата рече дека „кога луѓето ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе бидат среќни бидејќи правдината дошла“.
Според лидерот на СДСМ, премиерот посегнува по закани и навреди бидејќи нема одговор на ниту едно од суштинските прашања поврзани со проблемите со кои се соочува државата и граѓаните.
„Тоа му е само еден дел од фарсата, од циркусот кој што го прави затоа што нема одговор на вистинските прашања кои што му ги поставуваме секојдневно, кои што јас денеска му ги поставив на седницата за пратенички прашања. Мицкоски не одговори на ниту едно прашање. Му наредив бројки кои што тој после во неговиот одговор ги манипулираше. И кога нема одговор на тоа, зошто ништо не направи добро за државата, не го подобрува квалитетот на живот, ја блокираше земјата, тој посегнува по такви закани. Ама тоа се многу сериозни закани“,
рече Филипче.

Тој додаде е недозволиво премиер на една држава да комуницира со јавноста на начин што не доликува на демократски стандарди и политичка култура.
„Има ли премиер во Европа кој што така се однесува како Мицкоски? Има ли премиер во развиена демократија кој што така си дозволува да се однесува? Прво, кон било кој човек. Не само кон претседател на друга партија или кон пратеник. На што личи тоа? И другиот негов речник – котиња, талог и така натаму“,
рече претседателот на СДСМ.
Според Филипче ваквиот начин на комуникација не само што ги деградира политичките противници, туку ги омаловажува и граѓаните, а воедно претставува пресликување на авторитарни политички модели од регионот.
„Кога јас сум користел таков речник? Никогаш. Што сака да каже Мицкоски? Зошто треба премиерот на нашата земја да го доживуваат и нашите луѓе, и во странство, дека така се однесува? Дека користи таков несоодветен речник? Зошто? Зашто ги омаловажува сите граѓани на оваа држава? И има голема вистина во релациите кои ги негуваат ВМРО и Мицкоски со Србија и до пред некое време со Унгарија, особено како ги практикуваат тие трикови кои потекнуваат од (Виктор)Орбан, а кои сѐ уште ги аплицира (Александар) Вучиќ“,
рече Филипче.
Говорејќи на темата за правосудството, претседателот на СДСМ рече дека враќањето на довербата во правосудниот систем е еден од клучните приоритети на новата програмска платформа на СДСМ, која предвидува нов Антикорупциски закон кој ќе се темели на соработка со Европското обвинителство.
Според него, довербата во правосудниот систем не може да се врати без нов механизам кој ќе обезбеди независност, кредибилитет и европски стандарди. Тој порача дека реформата на правосудството не смее да остане само политичко ветување, туку мора да стане суштински процес кој ќе ја врати правната сигурност, ќе обезбеди неселективна борба против корупцијата и ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите.
„Очигледно е дека довербата во правосудството, вака како што е, нема да се воспостави уште кој знае колку време. И мора да им понудиме систем во кој што ќе ја побараме нивната доверба и повторна поддршка. Ете тоа го нудиме. И тоа е еден сериозен дел во програмата“,
рече Филипче.
