Од друга страна, вчерашната бројка на новозаразени (29) беше речиси двојно поголема отколку во петокот, кога беа регистрирани 16 нови случаи
Бројката на активни случаи на ковид-19 во земјава падна под 1 000, после подолго време. Од друга страна, вчерашната бројка на новозаразени (29) беше речиси двојно поголема отколку во петокот, кога беа регистрирани 16 нови случаи.
Според последната ковид-статистика, во четири помали општини во државата нема активни случаи: Пробиштип, Дојран, Пехчево, и Демир Капија.
Во Скопје има 395 активни случаи, а следна општина е Куманово со 109 случаи.
На инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 134 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а има околу 515 празни болнички кревети во ковид-центрите.
На вакциналните пунктови во државата, според последните податоци, вакцинирани се вкупно 245.413 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 384.466 дози вакцини, а ревакцинирани се 139.053 граѓани.
Со последните бројки, 48 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 35 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Од Министерството за здравство информираат дека вчера се регистрирани 50 оздравени пациент, а пријавени се вкупно шест починати лица на возраст од 40 до 95 години.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 407, бројката на оздравени пациенти е 148 960, на починати е 5 448, а бројката на активни случаи изнесува 999.