Според последните статистички податоци за состојбата со ковид-19, бројката на заболените се искачи на над 5 милиони лица, а оздравени се над 2 милиони пациенти. Бројот на починати е 330 илјади низ цел свет.
Во текот на вчерашниот ден, Светската здравствена организација соопшти дека во тој ден се регистрирани најголем број на новозаболени од почетокот на пандемијата. Бројката изнесуваше над 100 илјади лица во 24 часа.
По бројот на заболени засега на врвот на листата се САД со 1,5 милион пациенти со ковид-19, втора на листата е Русија со 317 илјади заболени и трет е Бразил со 293 илјади заболени.