Бројот на повредени останува непроменет и изнесува 16 740
Бројот на жртви во разорните земјотреси што минатиот месец ја погодија Венецуела се искачи на 5 208, соопшти претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез.

Бројот на повредени останува непроменет и изнесува 16 740. Без покрив над главата останаа 17 907 лица.
Венецуелските власти соопштија дека воспоставиле 107 привремени кампови во кои се сместени 23 820 луѓе и дека досега обезбедиле помош за 128 324 семејства погодени од потресите.
Од првичните земјотреси на 24 јуни, регистрирани се 1 388 последователни потреси.
Официјални лица соопштија дека продолжуваат спасувачките и хуманитарните операции во погодените подрачја каде што покрај човечките загуби, евидентирана е и голема материјална штета.
