Во последниве години, имаше неколку вакви трагедии во Нигерија за време на дистрибуцијата на храна
Најмалку 30 лица загинаа во стампедо во Нигерија при делење храна, соопшти полицијата.
Трагичниот настан се случил на југот на Нигерија, во градот Порт Харкорт, каде црква организирала дистрибуција на храна на спортскиот терен.
Во последниве години, имаше неколку вакви трагедии во Нигерија за време на дистрибуцијата на храна.
Така, во 2021 година, во ваков настан на северот на земјата до смрт беа прегазени седум жени.