Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека вчера се тестирани вкупно 419 примероци, од кои 203 се позитивни, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот на Косово достигна 4 715.
До сега починале 101 лице, а само вчера имало четири смртни случаи, кои покрај ковид-19, имале и други хронични заболувања.
Вчера се оздравени 71 пациент, додека вкупниот број на излечени е 2 227, а активни се 2 377 случаи.