Повеќе од 20 милиони луѓе во Велика Британија примиле барем една доза вакцина против коронавирусот, соопшти денеска министерот за здравство, Мет Хенкок.
„Тоа е големо достигнување за нашата земја. Вакцината е нашиот излез. Кога ќе добиете покана, вакцинирајте се“,
напиша Хенкок на Твитер.
Велика Британија започна најбрза програма за вакцинирање во Европа и е прва на континентот според бројот на вакцинирани на милион и на 100 жители.
Претходно, министерот одговорен за дистрибуција на вакцините, Надим Захави, изјави дека во земјата се вакциннираат во просек по 140 лица во минута.
Премиерот Борис Џонсон, повторно апелираше до граѓаните да бидат одговорни и секој кој ќе биде повикан на терминот за вакцинација уредно да се јави.
Од почетокот на епидемијата, во Британија се регистрирани над 4 милиони случаи на ковид-19, од нив 2,9 милиони се оздравени, а околу 122 лица ја загубија битката. Во моментот активни се над еден милион ковид-случаи.