По тестирањето на сите фудбалери во бразилската лига која започна изминатиот викенд, резултатите покажаа дека дури 151 се позитивни случаи, поради што првенството веројатно ќе биде прекинато.
Новата сезона во бразилскиот шампионат започна минатиот викенд, иако во таа земја сè уште има огромен број луѓе заразени со коронавирус.
Најтешка е ситуацијата во Коринтијанс, каде се заразени 23 играчи, или практично целиот прв тим. Гојас има еден помалку заразен, а најмалку позитивни има во Брагантино и Атлетико Минеиро, кои имаат по еден заразен фудбалер.
Гојас, Коринтијанс и неколку други клубови со многу заразени дури и не играле овој викенд и речиси е сигурно дека следното коло закажано за четврток нема да се одигра. Засега нема информации за посериозни случаи и повеќето играчи се без симптоми.
Бразил стана втора земја во светот по бројот на случаи со ковид по САД, со над три милиони заразени и повеќе од 100 000 починати досега.