Голем број на светски музички ѕвезди, изведувачи и други познати личности утре ќе одржат специјален настан од дома за подршка на медицинските работници и Светската здравствена организација (СЗО) во борбата против ковид-19. Насловот на настанот е „Еден свет: Заедно дома“ и истиот ќе се пренесува на бројни ТВ станици низ светот, но ќе може да се следи во живо и на интернет на различни платформи, како Фејсбук, Јутјуб, Твитер и други.
Детали за следењето на глобалниот настан можете да најдете на следниот ЛИНК (на англиски јазик)
Кој ќе настапува „во живо“
Според досегашните најави, концерти од своите домови ќе одржат Ролинг Стоунс и Били Ајлиш, додека на листата на музички ѕвезди кои ќе имаат свој удел во целиот настан се и Ени Ленокс, Селин Дион, Елтон Џон, Џенифер Лопез и многу други. Но, освен музичари, вклучувања ќе имаат и спортисти, како светскиот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон, актери, како Семјуел Џексон, Џеки Чен, познати водители, како Опра Винфри, Џими Кимел итн.
Глобалниот настан ќе трае 8 часа, а важна улога во него ќе и има суперѕвездата Лејди Гага. Меѓудругото, се очекуваа таа да пренесува искуства и приказни раскажани од медицинскиот персонал кој е во првата борбена линија со коронавирусот.