Амбициите на САД, како што најавуваше Бајден, се на 4 Јули – Денот на независноста да го прослават како ден на ослободувањето од вирусот
САД вакцинираа речиси една третина од вкупното население од околу 330 милиони.
Бројот на лица кои досега примиле барем една доза од вакцините против ковид-19 изнесува 101,8 милиони, говорат податоците на Центрите за контрола и превенција од болести (ЦДЦ). Од нив околу 58 милиони се вакцинирани и со втора доза.
Анализите на ЦДЦ покажуваат дека во една од најранливите категории – возрасната група над 65 години, се имунизирани дури три четвртини, од кои повеќе од половина примиле и втора доза.
Во однос на оваа група, пред една недела претседателот Џо Бајден рече дека до 19 април ќе може да се вакцинираат 90% од возрасното население односно ќе добие термин за вакцинација.
Амбициите на САД, како што најавуви Бајден во првото обраќање, се на 4 Јули – Денот на независноста да го прослават како ден на ослободувањето од вирусот.