Началникот на Секторот за внатрешни работи во Струмица, испукал куршум во работната канцеларија, додека го чистел службениот пиштол, информираат од МВР.
За време на инцидентот, тој бил сам во канцеларијата и нема повредени лица.
„На 20.07.2020 во 14.30 часот пријавено е дека во својата работна канцеларија, началникот на СВР Струмица, В.Т., додека го чистел службениот пиштол, од невнимание испукал еден куршум во долниот дел помеѓу паркетот и лајсната. За време на настанот, тој бил сам во канцеларијата. Нема повредени лица“,
стои во полицискиот билтен.
Од таму додаваат дека известен е Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за расчистување на случајот.