Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара итна реакција за експлицитната смртна закана упатена кон новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу, која денеска е објавена од сомнителен Твитер профил именуван како „@narco_girl“.
,,Посакувам залутан куршум од вчера да завршеше во главата на Фуркан Салиу”,
се вели во објавата на твитер.
Според ЗНМ ова претставува експлицитна закана по животот за новинарот и објавата ќе биде пријавена во Министерството за внатрешни работи .
„Укажуваме дека заканите по живот се кривични дела опфатени во Кривичниот законик за што е предвидена затворска казна за сторителите а МВР и ОЈО, треба веднаш да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина. Новинарите кои известуваат за прашања од јавен интерес потребно е да бидат заштитени кога нивната безбедност е загрозена, бидејќи во спротивност се поттикнува цензура и дела од омраза кон медиумските работници“,
пишува во реакцијата на ЗНМ.