Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин Табановце за влез во земјава времето на чекање е околу еден час.
Како што информираат од АМСМ, на останатите премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.