Во автобус со македонски регистарски таблички кој се движел на редовна линија од Пореч, Хрватска до Гостивар, при преглед со мобилен скенер се воочени неправилности во кровната конструкција, каде е пронајден непријавен златен накит и златни плочки во тежина од 13,3 килограми, соопштија од Царинската управа.
Непријавената стока – злато со вкупна тежина од 13.304 грама е привремено задржана и предадена на Одделението за истраги за понатамошна постапка.
Дополнително при личен претрес, кај еден од возачите биле пронајдени и одземени непријавени 30.000 евра, за кои е изготвен записник за девизен прекршок.