Последните анализи покажуваат дека 50 проценти од случаите со ковид-19 припаѓаат на британската мутација на вирусот, рече министерот Венко Филипче во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ.
Затоа, вели тој, сè уште е рано да опуштиме.
„Утрово стигнаа нови информации дека се поголем е процентот од вкупниот број на анализирани геноми од направени тестови, од јануари до сега, на почеток кога е детектиран па понатаму во еден временски период – дваесетина. Меѓутоа, од последните анализи 50 проценти отпаѓа на таа мутација на вирусот. Засега, не гледаме драстична промена или некое оптоварување на здравствениот систем во делот на болниците. Меѓутоа, гледаме како и што се случува во некои европски земји и затоа сме внимателни, за да не се случи да има едно значајно зголемување на пациентите на кои ќе им биде потребна хоспитализација затоа што е докажано дека овој вирус многу лесно се пренесува“,
вели Филипче.
