Од МВР потврдуваа дека има акција, но детали најавуваат дека ќе објават утре откако истата ќе заврши
Голема полициска акција е во тек на автопатот Велес-Скопје, кај наплатната рампа Отовица. Според првичните информации пресечен е меѓународен шверцерски канал и запленета е дрога чија вредност на црниот пазар е над 250 000 евра.
Дрогата била пренесувана во возило „фолксваген туран“, управувано од скопјанец.
Потврда дека се спроведува акцијата има и од Министерството за внатрешни работи, но детали најавуваат дека ќе објават утре откако ќе заврши акцијата.