Полицијата казни 98 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната на автопатот Куманово – Скопје – Велес, информира Министерството за внатрешни работи.
Засилената акциска контрола ја спровела мобилната единица за безбедност во сообраќајот денеска од 8 до 16 часот. Од санкционираните, 37 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а четворица со дури над 70 километри на час над дозволеното.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“,
велат од МВР.