Неговата сопруга Меган нема да дојде во Велика Британија, туку ќе остане со децата во САД, пренесува Си-ен-ен
Војводата од Сасекс, британскиот принц Хари, ќе присуствува на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс Трети, на 6 мај, соопшти денеска Бакингемската палата.
Неговата сопруга Меган нема да дојде во Велика Британија, туку ќе остане со децата во САД, пренесува Си-ен-ен.
„Бакингемската палата со задоволство објавува дека војводата од Сасекс ќе присуствува на крунисувањето во Вестминстерската опатија на 6 мај. Војвотката од Сасекс ќе остане во Калифорнија со принцот Арчи и принцезата Лилибет“,
се додава во соопштението.