Постои можност грејната сезона да започне и порано, од 1 октомври, ако температурите паднат под 12 Целзиусови степени
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека грејната сезона ќе започне од 15 октомври, со можност за почеток и порано, од 1 октомври, ако температурите паднат под 12 Целзиусови степени.

„Грејната сезона ќе започне на 15 октомври 2026, а ќе заврши на 15 април 2027 година. Може да почне и порано, од 1 октомври, и да заврши најдоцна до 30 април, во случај кога прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 Целзиусови степени“,
соопштија од РКЕ.
Според правилата и тарифникот за продажба на топлинска енергија, снабдувачот е должен во грејните простории од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 Целзиусов степен.
РКЕ ги потсетува корисниците да ги проверат внатрешните и инсталациите во објектите и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници со цел грејната сезона да започне без проблеми.
