Предлог-законот е донесен со 78 гласа „за“, два „против“ и еден „воздржан„ и 24 гласа „за“ и еден „воздржан“ од пратениците од помалите етнички заедници, без расправа по скратена постапка, а како предагачи се потпишани координаторите на пратеничките групи
Во образложението се наведува дека тие произлегуваат од препораките во последниот извеештај на ОБСЕ/ОДИХР и дека ДИК ќе треба да донесе нов роковник
Изминатите месеци имаше предлози и гласањето за градоначалници да биде во еден круг, потоа се најавуваа измени на потребните потписи за кандидирање на независни листи, но експертите и претставниците на ОБСЕ потсетуваа дека измени на Изборниот законик не треба да се носат наjмалку шест месеци пред датумот на избори, а и самиот Џафери на денот на распишувањето на изборите оцени дека не би било политички коректно допрва да се прават измени на Изборниот законик, на веќе почнат изборен процес
На 12 дена пред почетокот на изборната кампања, Собранието денеска изгласа имени и дополнувања на Изборниот законик.
Предлог-законот, на кој како предагачи се потпишани кооринаторите на пратеничките групи е донесен по скратена постапка.
Како што образложи денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, предложените измени произлегуваат од последниот извештај на ОБСЕ-ОДХИР од предвремените парламентарни избори 2020 година кои се однесуваат на одредбите на постојниот Изборен законик.
„Со измените се опфатени сите делови на извештајот на ОБСЕ-ОДХИР и со истите се овозможува поголема ефикасност на изборните органи, се зголемува и подобрува ефикасноста и транспарентноста во изборниот процес, се прецизираат, појаснуваат и поедноставуваат одредени делови од процесот, надлежноста на изборните органи и другите институции и се подобруваат и се воведуваат нови изборни дејствија и рокови пред се кои се поврзани од досегашното искуство и пракса при спроведувањето на изборите од страна на Државната изборна комисија, но и кои произлегуваат од воведувањето на нов начин на идентификација на гласачите и делумно нов начин на гласање за советници во општините преку отворени-преференцијални листи на кандидати“,
се вели во образложението.
Што предвидуваат измените и дополнувањата?
Измените и дополнувања се образложени во неколку групи кои се дефнирани во 13 точки.
Меѓу оние кои директно се одннесуваат на граѓаните е дека „се овозможува на гласачите чија важност на докуметот за лична идентификација истекла од моментот на распишување на изборите до денот на гласање, истите да може да го остварат правото на глас“.
Исто така, се овозможува запишување на избирач во избирачкиот список по усвоен приговор за заштита на личното избирачко право, бидејќи до сега немаше можност, од причина што не постоеше законска можност за запишување на избирачите во Избирачкиот список во случај на усвоен приговор за заштита на личното избирачко право.
Се дава право на граѓани кои со судска одлука имаат одземена деловна способност, доколку има услови да ја изразат својата воља, истите да бидат запишани во избирачкиот список што досега не беше случај,
Во делот што се однесува на ДИК е дека се воведува нов начин на избор на Генерален секретар на ДИК, а се уредува и мандатот на ДИК.
Исто така, се усогласуваат роковите за постапувањето по приговори на Државната изборна комисија и по жалби на Управниот суд.
Во однос на партиите, се овозможува на сите партии или подносители на независни листи да можат да ги повлечат листите во рок од 48 часа од нивното потврдување во изборните органи, додека досега имаше право само да биде заменет некој од кандидатите.
Исто така, се дефинира одговорноста на учесниците во изборната кампања во однос на содржината на огласите, соопштенијата, рекламниот материјал итн.,
Со овие измени се регулира и начинот на гласање при прогласена епидемија/пандемија на заразна болест,како и тоа дека во избирачкиот список се додава посебен бар код за секој гласач во функција на зголемување на контролата на гласањето со отпечаток од прст, како езултат на воведувањето на систем на гласање со терминали за отпечаток од прст како новина на овие избори.
Измени на 12 дена од почетокот на изборната кампања
Како што може да се во преодните одредби, овој Закон ќе стапи на сила откако ќе биде објавен во Службен весник, односно уште од овие локални избори и за овој состав на ДИК.
Како што може да се види од материјалите објавени на страницата на Собранието, измените денеска ги поминале комисиските филтри и веднаш се најдоа на собраниска седница и беа донесени со 78 гласа „за“, два „против“ и еден „воздржан„ и 24 гласа „за“ и еден „воздржан“ од пратениците од помалите етнички заедници.
И официјално, 17 октомври е одреден како термин за одржување на првиот круг од локалните избори.
Спикерот Талат Џафери на 6 август попладне објави дека го потпишал решението за распишување на изборите на 17 октомври, така што од овој момент почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија.
Тогаш Џафери објави дека во периодот кога ќе почне изборната кампања, Собранието нема да заседава.
Во тој период имаше предлози и гласањето за градоначалници да биде во еден круг, потоа се најавуваа измени на потребните потписи за кандидирање на независни листи, но експертите и претставниците на ОБСЕ потсетуваа дека измени на Изборниот законик не треба да се носат наjмалку шест месеци пред датумот на избори.
И Џафери тогаш оцени дека не би било политички коректно допрва да се прават измени на Изборниот законик, на веќе почнат изборен процес.
Но, како што може да се види на предлог-законот поставен на веб-страницата на Собранието, како подносители се потпишани координаторите на пратеничките групи – Јован Митрески, Никола Мицевски, Арбер Адеми, Бастри Бајрами, Сурија Рашиди, Борислав Крмов, што упатува на заклучок дека тој е усогласен од парламентарните партии.
Вечерва, прес-службата на Владата соопшти дека премиерот Зоран Заев и министерот за правда Бојан Маричиќ се сретнале со делегација на мисијата за следење на локалните избори на канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), предводена од шефицата на мисијата Тана де Зулуета, на која ги информирале дека денеска со големо мнозинство од сите политички партии во Собранието се усвоени амандмани на Изборниот законик, со кои, како што се наведува о соопштението, се обезбедени дополнителни гаранции за спроведување на локалните избори според највисоки стандарди.