Законот по скратена постапка беше поднесен од пратеници од повеќе пратенички групи – Јован Митрески, Никола Мицевски, Арбер Адеми, Бастри Бајрами, Сурија Рашиди, Борислав Крмов
Собранието со 78 гласа „за“, два „против“ и еден „воздржан„ и 24 гласа „за“ и еден „воздржан“ од пратениците од помалите етнички заедници попладнево, без расправа го донесе Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, измени кои произлегуваат од последниот извештај на ОБСЕ/ОДХИР за предвремените парламентарни избори 2020 година.
Законот по скратена постапка беше поднесен од пратеници од повеќе пратенички групи – Јован Митрески, Никола Мицевски, Арбер Адеми, Бастри Бајрами, Сурија Рашиди, Борислав Крмов.
„Со измените се опфатени сите делови на извештајот на ОБСЕ-ОДХИР и со истите се овозможува поголема ефикасност на изборните органи, се зголемува и подобрува ефикасноста и транспарентноста во изборниот процес, се прецизираат, појаснуваат и поедноставуваат одредени делови од процесот, надлежноста на изборните органи и другите институции. Генерално со сите предложени измени и дополнувања се опфатени и ќе имаат бенефит пред сè граѓаните како гласачи, кандидатите, но и институциите кои имаат свои надлежности во изборниот процес“,
рече Митревски, пред гласањето.
Пратеникот Павле Трајанов од ДС , пак, повторно укажа на потребата од целосна реформа на Изборниот законик, во контекст на помалите партии, со забелешка дека вака нема услови за рамноправен натпревар на партиите.