Во болниците во земјава се хоспитализирани 620 пациенти кои се позитивни или суспектни на ковид-19, а посред пресекот за состојбите направен утрово слободни се 621 кревет соопшти Министерството за здравство.
Во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани помалку од 300 пациенти, додека во болниците во останатите градови има 359 пациенти.
Најмногу пациенти во внатрешноста има во кумановската болница – 54. Во болниците во Охрид и Прилеп се хоспитализирани по 40, во Битола 34, Велес 30, Штип и Струмица по 27, Тетово и Кавадарци по 22, Гостивар 16, Струга 13, Кичево 13, Дебар 11, Гевгелија 7 и Кочани 3.
