Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.896 тестирања, а регистрирани се 17 нови случаи на ковид-19 и тоа во Тетово – 9, Скопје – 6 и Прилеп и Гостивар по 1.
Регистрирани сe 7 оздравени пациенти, од Куманово и од Тетово по 3 и Скопје – 1. Регистрирано е едно починато лице од Скопје на 70 години во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.981, бројката на оздравени пациенти е 150.251, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 241.
Во моментов активни случаи има во Скопје 94, Тетово 80, Гостивар 17, Куманово 14, Кичево 7, Дебар 5, Охрид и Струга по 4, Струмица и Штип по 3, Прилеп, Битола и Кочани по 2, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе и Берово по 1 активен случај.