ВМРО-ДПМНЕ излезе со наводи дека и по една година ковид-криза во земјава се поставуваат прашања дали има доволно реагенси и дали се прават доволно тестирања
Во земјава дневно може да се прават од 4 000 до 5 000 теста за ковид-19 и сите закажувања се реализираат тековно, а резултатите се објавуваат за најмногу 24 часа, одговараат од Министерството за здравство по дилеми што ги изнесе ВМРО-ДПМНЕ „дали има доволно реагенси и дали се прават доволно ПЦР-тестови?
Од МЗ велат дека е апсолутна лага дека се чека за термин за тестирање.
„Опозицијата да престане да шири паника во јавноста и вознемиреност кај граѓаните. Апсолутна лага е дека државните лаборатории немаат реагенси за ПЦР-тестови. Апсолутна лага е дека се чека за термин за тестирање. Во време на пандемија ВМРО ДПМНЕ одлучи да биде на страна на лагата, секојдневно да креира лажни сценарија дека во болниците нема кислород, дека здравствените работници на знаат да лекуваат па затоа смртноста е голема, како што тврдат тие. ВМРО ДПМНЕ во време на пандемија одлучи да го опструира процесот на набавка на вакцини, пласирајќи во јавноста фалсификувани документи со невистинити суми лажејќи дека вакцини се набавуваат со провизии. За ВМРО ДПМНЕ небитни се луѓето кои се вакцинираат против ковид-19. Тажно е што и од процесот на имунизација на возрасните граѓани, вработените во критичната инфраструктура, здравствените работници ВМРО-ДПМНЕ сака политички да профитира“,
се наведува во реакција на Министерството за здравство.
Претходно ВМРО-ДПМНЕ излезе со наводи дека и по една година ковид-криза во земјава се поставуваат прашања дали има доволно реагенси и дали се прават доволно тестирања.
„Секојдневно умираат по неколку десетици лица, системот не е организиран за да даде соодветен одговор, ама Филипче и Заев се ‘организирани’ и за викенд се одмараат, поточно аздисуваат.
се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
И така, само во Македонија се поставува прашањето за вакцини, или каде се вакцините, кога ќе стигнат? Во меѓувреме други земји вакцинирале по 20-30 проценти од населението, некои и до 60 проценти од населението. Само тука, исто така може да се постави прашањето дали има доволно реагенси, дали се прават доволно ПЦР- тестови? Прашањето за реагенсите, за тоа дали има доволно термини за ПЦР-тестови се поставува, замислете, после повеќе од година дена корона во Македонија. Граѓаните се на почеток, молат за термин за тестирање, ама очигледно нема“,