Министерството за здравство денеска ги советува сите граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината „Астра Зенека“ и оние кои следните денови ќе се вакцинираат, да бидат внимателни и да продолжат со мерките за заштита додека не се создаде имунитет.
„По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена“,
посочуваат од МЗ.
Во однос на несакани ефекти по примање на вакцината, се истакнува дека најчестите се: болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули, кои се јавуваат кај 1 од 10 лица, додека алергиска реакцијa е поретка.
Она што вакцинираните со „Астра Зенека“ треба да очекуваат е дека овие несакани ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден до два дена по вакцинацијата.
Повеќе информации за вакцините на вебстраницата https://kovid19vakcinacija.mk/za-vakcinite/