Како што објави МИА, причина за застојот е официјалното стапување во сила на новиот систем – ЕЕС (entry/exit system) кој од 10 април целосно се применува на надворешните граници на Европската Унија (ЕУ), а кој предвидува дигитално регистрирање при влез и излез на граѓаните од земјите што не се членки на Унијата
Македонските граѓани кои продолжениот празничен викенд решија да го поминат во Грција денеска попладне наидоа на подолги застои за влез во земјава од грчка страна, пренесе државната новинска агенција МИА.

Според агенцијата, причина за застојот е официјалното стапување во сила на новиот систем – ЕЕС (entry/exit system) кој од 10 април целосно се применува на надворешните граници на Европската Унија (ЕУ), а кој предвидува дигитално регистрирање при влез и излез на граѓаните од земјите што не се членки на Унијата, наместо досегашното рачно евидентирање на пасошите со ставање печат.
Од граничниот премин “Дојран” за МИА рекле дека проблеми на македонската страна од границата нема, но побавно тече сообраќајот од грчка страна, посебно во текот на попладневните часови, поради враќањето на македонските граѓани од Грција.
Со новиот систем, се исфрла досегашното ставање печати во пасошите, така што на секое преминување на надворешните граници на Шенген зоната се врши електронска евиденција и биометриска проверка, со фотографирање и земање отпечатоци од прсти.
Предвидено е системот ЕЕС (EES) да ги бележи точните датуми на влез и излез и да врши автоматска проверка на правилото за дозволен престој од 90 дена во рамки на 180 дена, со што ќе се намалат можностите за негово прекршување.
Дел од медиумите пренесоа дека денеска имало подолги колони и на некои од патарините во земјава поради враќање на граѓаните од продолжениот викенд.
