Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие изречени се 359 прекршоци за неносење заштитна маска за превенција од ковид-19.
Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките донесени од Владата со цел да се спречи ширењето на вирусот.
МВР досега има изречено повеќе од 30 000 прекршоци за неносење заштитна маска.