Речиси 4 000 разни пиротехнички средства полицијата пронашла во два маркети во селата Белчишта и Злести во Општина Дебрца.
Како што соопшти МВР, полициските службеници од СВР Охрид извршиле претреси на 23 и 24 декември, а во полициска станица биле повикани Г.В. (39) од село Белчишта, шеф на два маркета во селата Белчишта и Злести и С.Г. (46) од село Србјани, Кичевско, сопственик на маркетите, во кои биле пронајдени 3 963 разни пиротехнички средства.
Пиротехничките средства се одземени и по целосно документирање на случајот СВР Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава.
Пред два дена полицијата приведе жител на Кочани кај кого беа пронајдени 600 парчиња пиротехника.
Во пресрет на новогодишните празници полицијата ги засили контролите на пазарите и кај продавачите на пиротехнички средства, при што само во еден ден при контрола на Бит-пазар во Скопје во понеделникот се пронајдени и одземени над 1 000 парчиња пиротехника.
