Фотографирањето ќе може да се изврши во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, во периодот од 8 до 15 часот

Граѓаните што наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, в сабота ќе може да се фотографираат за лични документи без да имаат закажан термин, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Целта, како што велат од МВР, е овие лица навремено да добијат документи за да можат да го остварат своето право на глас на претстојните претседателски и парламентарни избори.
Фотографирањето ќе може да се изврши во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, во периодот од 8 до 15 часот.
„Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори“,
се наведува во денешното соопштение од МВР.