Покрај за овие, осуденикот од Струшко се барал и за кривично дело незаконско вселување
Полицијата денеска во Скопје приведе 45-годишен осуденик од струшкото село Октиси кој бил баран со дури три потерници за издржување на затворска казна од осум години.
Две од трите потерници се распишани за издржување затворски казни за кривичното дело измама (член 247 од Кривичниот законик) – една од нив била распишана од Основниот кривичен суд Скопје, а друга од струшкиот суд.
Третата потерница, пак, ја распишал затворот „Идризово“ кој го барал да доиздржи друга затворска казна од една година и три месеци за кривични дела тешка кражба (член 236 од КЗ) и за незаконито вселување (член 246 од КЗ).
Откако денеска наутро тој бил приведен, од МВР најавија дека ќе го спроведат во затвор за да си ги одлежи казните.