Полицијата евидентирала вкупно 104 лица кои во текот на изминатото деноноќие не ја почитувале забрана за движење. Од нив, приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 82 прекршоци. За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 29 лица им се издадени решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација“,
стои во соопштението на МВР.
По извршените контроли кај лицата кои се во домашна изолација и самоизолација, полицајците евидентирале само едно лице кое не ја почитувало мерката за изолација.
Македонија е во карантин од вчера, од 11 часот. Продолжениот полициски час ќе трае до утре (вторник), до 05 часот изутрина.