Во текот на изминатото деноноќие, МВР евидентирало 55 лица на ниво на цела држава кои не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 42, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Изминатите 24 часа, на 159 лица им се издадени решенија за изолација, а 48 лица потпишале изјави за самоизолација.
При контроли кај лица кои се во изолација и самоизолација, полицијата не евидентирала непочитување на овие мерки.