Од МВР најавуваат дека против сите што ја прекршиле забраната за движење ќе бидат преземени соодветни мерки
Министерството за внатрешни работи утрово објави детали за синоќешните настани во скопската населба Ченто.

Според официјалната информација, синоќа околу 22 часот во полициската станица Гази Баба биле приведени три лица В.М. (19) од Арачиново, С.Р. (21) од с. Синѓелиќ и В.В. (30) од ул. „Алија Авдовиќ“ кои не го почитувале полицискиот час.
Поради приведувањето, на оваа улица поголема група граѓани излегле на протест.
„По изготвената соодветна документација, лицата се пуштени од полициската станица, а насобраната група граѓани се разотишла. Ќе бидат преземени соодветни мерки и против останатите лица што не го почитуваа ограничувањето на движење“,
се наведуваат од МВР.
На фејсбук-стрницата на оваа населба Lagjeja Hasanbeg-Shkup синоќа во живо беше пренесуван протестот на кој се појави и градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски, но видеото набрзо беше отстрането.

Како причина за приведувањето на трите лица се споменува дека тие за време на полициски час поставувале т.н. лежечки полицаец на улицата. Објавите заедно со фотографиите за овој настан од фејсбук-профилот на еден од приведените набрзо беа избришани.
*Поврзана вест
Тројца жители на Ченто приведени дека го кршеле полицискиот час, десетици излегоа на протести