Оттаму посочуваат дека до МВР деновиве пристигнале повеќе пријави од граѓани кои на електронската пошта добиле наводна судска покана во која биле известени дека се предмет на правна постапка по низа кривични дела кои ги немаат сторено, како детска порнографија, педофилија, егзибиционизам
Доколку добиете електронска пошта во име на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Сашо Тасевски, која изгледа како покана за суд, не наседнувајте бидејќи се работи за меѓународна измама, предупредуваат утринава од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Оттаму посочуваат дека до МВР деновиве пристигнале повеќе пријави од граѓани кои на електронската пошта добиле наводна судска покана во која биле известени дека се предмет на правна постапка по низа кривични дела кои ги немаат сторено, како детска порнографија, педофилија, егзибиционизам. Притоа, како што додаваат од МВР, примачот на пораката се повикува да се регистрира преку мејл и да ги даде неговите лични податоци.
„МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, односно од БЈБ. Затоа, апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци кои ги бараат измамниците. Исто така, предупредуваме да не отворате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер“,
информираат од МВР.
Електронски пораки со слична содржина, како што посочуваат од Министерството, во изминатиот период се испраќани и на граѓани во земјите од регионот со цел измама и злоупотреба на личните податоци.