Од Министерството соопштуваат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници биле преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите
Лажни се сите дојави за поставени бомби во 23 основни училиштата во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 23 основни училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“,
информираат од МВР.
Од Министерството соопштуваат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници биле преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа биле извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки.