Од Министерството информираат дека се работи за пилот-проект кој се однесува само на територијата на главниот град, а целта, како што додаваат, е олеснување и забрзување на процесот за промена на личните документи
Министерството за внатрешни работи (МВР) преку полициските станици на територија на Скопје започнува со достава на готовите лични карти и возачки дозволи на домашна адреса на граѓанте во главниот град.

Од МВР информираат дека се работи за пилот-проект кој се однесува само на територијата на Скопје, а целта, како што додаваат, е олеснување и забрзување на процесот за промена на личните документи.
„Министерство за внатрешни работи ги известува граѓаните дека со цел да се олесни и забрза процесот на промена на личните документи, започна со имплементација на пилот-проект на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса, преку полициските станици. Напоменуваме дека овој пилот проект се спроведува само во Скопје“,
се вели во соопштението на МВР.
Дополнително, оттаму известуваат дека в сабота (27.01.2024) шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ ќе работат од 8 до 16 часот.